За Нас

Кои сме ние?

НАЈКУЛ ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ВО ДРЖАВАТА!
Роам Ароунд МК е туристичка агенција со центар во Скопје. Специјализирани сме за авантури и вулкански острови кои ќе ви го земат здивот во моментот кога ќе стапнете на нив!

Што нудиме?

Исланд

  • Исланд Лимитед
  • Исланд Ринг Роад Авантура
  • Исланд Релакс

Уживајте во убавината на Исланд и комплетирајте го цел RING ROAD опуштени и олабавени во текот на целото патување. Со мини комбенце нашиот тим ве носи низ цел остров и ви ги покажува најинтересните ќошиња на земјата на огнот и ледот. Хотелите во Исланд се дефинитивно едно од најуникатните искуства на планетата. Замислете како уживате во топол базен додека над вас Аурорите го бојат небото во сите бои. Не за џабе викаат дека Исланд е земјата на чудата. Дојди и ти со нас и увери се дека тоа е вистина!

Мадеира

Мадеира, „Бисерот на Атлантикот“, е неверојатен остров кој наликува на Хаваи, а е познат по своите драматични карпи, вкусни банани и егзотична тропска природа. Идеална за летен одмор, ги нуди едни од најимпресивните тропски искуства, водопади, мирни патеки, тропски градини и незаборавни погледи кон океанот. Полна со шарена и вивидна култура, Мадеира ќе ви го земе здивот уште пред да стапнете на неа!

Фарски Острови

Фарските Острови се дефинитивно најмистичните острови на светот, каде што природата и легендите се спојуваат во совршена хармонија. Овие острови, скриени во Северниот Атлански Океан, пленат со своите драматични карпи, водопади што паѓаат директно во океанот и магливи пејзажи кои изгледаат како да се од друга планета. Со вашата куќа на тркала, ќе имате слобода да ги истражувате овие магични простори, каде што секој агол носи нова приказна и секое изгрејсонце е ново чудо. Фарските Острови се место каде што времето застанува, а природата ги открива своите најголеми тајни – идеално за оние што сакаат вистинска авантура и незаборавно искуство.

Гренланд

Гренланд, најголемиот остров во светот, е арктичка земја позната по своите драматични пејзажи, богата инуитска култура и природни феномени. Покриен претежно со мраз, Гренланд нуди уникатен контраст на огромни глечери, сурови планини и недопрени фјордови. Тука можеш да ја видиш познатата Аурора Бореалис, да истражуваш  шарени крајбрежни села и да видиш диви животни како поларни мечки, китови и ирваси. Гренланд е задолжителна дестинација за авантуристи и љубители на природата кои бараат уникатна убавина и мир.

Претходни авантури

Моменти од нашите претходни патувања!

Заштита на лични податоци

Роам Ароунд МК ги користи и обработува личните податоци на клиентот само за остварување на правата од облигациониот однос според посредувачкиот договор за бараната дестинација како и да ги чува во седиштето на компанијата согласно Законот за заштита на лични податоци. Давање на вашите лични податоци е доброволно, само за целта која што е погоре наведена. Документацијата која содржи податоци на клиентот соодветно ќе биде чувана и по изминување на роковите истата ќе биде избришана/уништена согласно архивското работење.