МАДЕИРА - КАДЕ ТРОПСКАТА ЕГЗОТИКА Е СЕКОЈДНЕВИЕ

Истражи го островот на бананите и црните плажи со најкул екипата на планетата. Уживај во еден од најуникатните острови на светот.

Црни плажи

Сакаш да се сончаш на тропска црна плажа. Мадеира ќе ти ги исполни тропските соништа!

Најуникатен одмор

Сакаш да уживаш на најуникатните острови на планетата? Мадеира е вистинскиот избор!

Тропска егзотика

Поаѓање:

27.06.2025

Враќање:

03.07.2025

Број на денови:

7

Цена од

Сега од

1399.00 EUR

1199.00 EUR

Мадеира, „Бисерот на Атлантикот“, е неверојатен остров кој наликува на Хаваи, а е познат по своите драматични карпи, вкусни банани и егзотична тропска природа. Идеална за летен одмор, ги нуди едни од најимпресивните тропски искуства, водопади, мирни патеки, тропски градини и незаборавни погледи кон океанот. Полна со шарена и вивидна култура, Мадеира ќе ви го земе здивот уште пред да стапнете на неа!

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје

Скопје – Цирих – Мадеира

Ден 2: Пристигнување и сместување во Хотел

Слободен ден

Ден 3: ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ

Посета на градот Фунчал  | Тропски Градини, Долги Жичари, Видиковци

Ден 4: ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ

Северна Мадеира  |Црни Плажи, Водопади, Мали рибарски Селца

Ден 5: ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ

Источна Мадеира  |  Видиковци, Планински Врвови, Сурферски Плажи

Ден 6: ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ

Западна Мадеира  | Природни Базени, Водопади, Волшебната Шума

Ден 7: Одјавување од Хотел

Поаѓање во 16:40ч од Мадеира и пристигнување во Скопје | Мадеира – Виена – Скопје

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Мадеира и назад со вклучен 8КГ рачен и 23КГ багаж
  • Хотелско Сместување во Caniço ( Hotel Dom Pedro Garajau 3* ) со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел во Caniço
  • Трансфер од хотел во Caniço до аеродром
  • Претставник на дестинација

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба (310 евра)
  • Патничко Осигурување
  • Туристичка такса: 2 евра по лице по ноќ ( се плаќа на лице место во Хотелот ) 

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети

Цена: 279 евра по лице

Огромна препорака од нас. Зарем не би уживале на црните плажи и видоковци кои ги нуди оваа земја? Најубавиот начин да ја почувствуваш Мадеира е да го истражиш секое крајче од островот!Вклучени факултативни во цената:
1. Посета на градот Фунчал
2. Западна Мадеира
3. Источна Мадеира
4. Северна Мадеира

Западна Мадеира

Цена: 75 евра по лице

Ги посетуваме најпознатите плажи со портокалов песок во Calheta. Го посетуваме највисокиот Sea Cliff во Европа, Cape Girão и имаме шанса да ги нахраниме со банани локалните гуштери. Ја посетуваме волшебната шума Fanal и денот го завршуваме со уживање и сончање во природните базени во Porto Moniz.

Источна Мадеира

Цена: 75 евра по лице

Го посетуваме вториот највисок, но најпознат врв на Мадеира, Pico de Arieiro. Потоа пробуваме понча (традиционален пијалок) во најдоброто барче на островот. Се сликаме во националните куќички на Мадеира, ја посетуваме последната фабрика за рум од шеќерна репка во Европа и уживаме на спектакуларна сурферска плажа. Потоа се сликаме на волшебните падини на источниот брег. За крај уживаме, се сончаме и пливаме на портокаловата плажа во Machico.

Северна Мадеира

Цена: 75 евра по лице

Овој ден ни е посветен на тропска егзотика. Ја посетуваме најегзотичната црна плажа на која можете слободно да нурнете во тиркизната вода, Seixal Beach и плажираме цел ден. Посетуваме водопади кои ќе ви го земат здивот и уживаме во свежа понча!

Посета на градот Фунчал

Цена: 110 евра по лице

Го посетуваме најуникатниот град на Атлантикот, Фунчал. Магично мало гратче кое ќе ви го земе здивот со тесните улички и крајбрежјето. Воедно и родното место на Кристијано Роналдо. Да, ќе се качиме на најуникатната жичара и ќе ја посетиме најубавата тропска градина на планетата. Според нас, must visit за овој прекрасен летен одмор!

Сместување

Се сместуваме во едно мало местенце наречено Caniço, на само неколку километри од главниот град Фунчал. Хотелот има свои сопствени базени, поглед на океанот и нормално вклучен појадок. Локацијата на овој хотел е одлична за истражување на тесните улички низ Мадеира, а секако и прилично блиску за ноќни излегувања во главниот град Фунчал!

Важнa напоменa

Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума во зависност од хотелот во кој ќе се престојува. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник по случаен избор од групата без разлика на пол или старост. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури! Патничко Осигурување не е вклучено во цената. Минималната бројка на авантуристи за сите заедно да ја посетиме Мадеира е 16.

Црни плажи

Сакаш да се сончаш на тропска црна плажа. Мадеира ќе ти ги исполни тропските соништа!

Најуникатен одмор

Сакаш да уживаш на најуникатните острови на планетата? Мадеира е вистинскиот избор!

Тропска егзотика