Мадеира, „Бисерот на Атлантикот“, е неверојатен остров кој наликува на Хаваи, а е познат по своите драматични карпи, вкусни банани и егзотична тропска природа. Идеална за летен одмор, ги нуди едни од најимпресивните тропски искуства, водопади, мирни патеки, тропски градини и незаборавни погледи кон океанот.rnПолна со шарена и вивидна култура, Мадеира ќе ви го земе здивот уште пред да стапнете на неа!
Скопје – Цирих – Мадеира
Слободен ден
Посета на градот Фунчал | Тропски Градини, Долги Жичари, Видиковци
Северна Мадеира |Црни Плажи, Водопади, Мали рибарски Селца
Источна Мадеира | Видиковци, Планински Врвови, Сурферски Плажи
Западна Мадеира | Природни Базени, Водопади, Волшебната Шума
Поаѓање во 10:25ч од Мадеира и пристигнување во Скопје | Мадеира – Цирих- Скопје
Огромна препорака од нас. Зарем не би уживале на црните плажи и видоковци кои ги нуди оваа земја? Најубавиот начин да ја почувствуваш Мадеира е да го истражиш секое крајче од островот!Вклучени факултативни во цената:rn1. Посета на градот Фунчал rn2. Западна Мадеира rn3. Источна Мадеира rn4. Северна Мадеира
Ги посетуваме најпознатите плажи со портокалов песок во Calheta. Го посетуваме највисокиот Sea Cliff во Европа, Cape Girão и имаме шанса да ги нахраниме со банани локалните гуштери. Ја посетуваме волшебната шума Fanal и денот го завршуваме со уживање и сончање во природните базени во Porto Moniz.
Го посетуваме вториот највисок, но најпознат врв на Мадеира, Pico de Arieiro. Потоа пробуваме понча (традиционален пијалок) во најдоброто барче на островот. Се сликаме во националните куќички на Мадеира, ја посетуваме последната фабрика за рум од шеќерна репка во Европа и уживаме на спектакуларна сурферска плажа. Потоа се сликаме на волшебните падини на источниот брег. За крај уживаме, се сончаме и пливаме на портокаловата плажа во Machico.
Овој ден ни е посветен на тропска егзотика. Ја посетуваме најегзотичната црна плажа на која можете слободно да нурнете во тиркизната вода, Seixal Beach и плажираме цел ден. Посетуваме водопади кои ќе ви го земат здивот и уживаме во свежа понча!
Го посетуваме најуникатниот град на Атлантикот, Фунчал. Магично мало гратче кое ќе ви го земе здивот со тесните улички и крајбрежјето. Воедно и родното место на Кристијано Роналдо. Да, ќе се качиме на најуникатната жичара и ќе ја посетиме најубавата тропска градина на планетата. Според нас, must visit за овој прекрасен летен одмор!
Се сместуваме во едно мало местенце наречено Caniço, на само неколку километри од главниот град Фунчал. Хотелот има свои сопствени базени, поглед на океанот и нормално вклучен појадок. Локацијата на овој хотел е одлична за истражување на тесните улички низ Мадеира, а секако и прилично блиску за ноќни излегувања во главниот град Фунчал!
Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума во зависност од хотелот во кој ќе се престојува. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник по случаен избор од групата без разлика на пол или старост. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури! Патничко Осигурување не е вклучено во цената. Минималната бројка на авантуристи за сите заедно да ја посетиме Мадеира е 16.