УЖИВАЈТЕ КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА!

Спиеме во кампери

Сте сонувале за хотел со милион ѕвезди? Роам Ароунд МК нуди хотел со аурори на небото!

35 Факултативни излети вклучени во цената

Каде на друго место сте сретнале ваква понуда? Без скриени трошоци

Уживаме во најубавите пејзажи на светот

Ако не во Исланд, тогаш каде? Најуникатните чуда на природата се наоѓаат токму тука!

Поаѓање:

14.10.2025

Враќање:

22.10.2025

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1499.00 EUR

1349.00 EUR

Исланд RING ROAD АВАНТУРА е нешто за кое што цел живот сте сонувале. 8 дневна авантура низ земјата на огнот и мразот додека спиете во најудобните и најтоплите кампери под небото осветлено од Аурора Бореалис? Зарем ова не е доволно за да се пријавите и да бидете дел од најуникатните авантури на планетата? Во оваа камперска колона возиме околу 2400 километри низ цел Исланд. Кога ќе се вратите назад дома, ќе можете да се пофалите дека сте ја завршиле RING ROAD турата во Исланд. По пат посетуваме без број пејсажи, реки, кањони, плажи, села, градчиња, планини, вулкански кратери, викингшки села и што се уште не. Камперите се со најмодерна кампинг опрема и се дефинитивно најудобните спални што може да ги најдете во Исланд. Зарем сеуште ќе чекаш?

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје и пристигнување во Исланд

Сместување во камп во Рејкјавик

Ден 2: Посета на Златниот Круг / Golden Circle

* Посета на Националниот Парк Тингвелир
* Посета на Тектонските плочи каде што се делат 2 континента
* Посета на Гејзер
* Посета на Водопад Гулфос
* Посета на Керид Кратер
* Посета на градчето Селфос
* Сместување во камп и слободно време за одмор

Ден 3: Јужен Брег

* Посета на водопад Seljalandsfoss
* Посета на водопад Gljufrabui
* Посета на водопад Skogafoss
* Посета на водопад Hestavadsfoss
* Посета на водопад Fosstorfufoss
* Посета на водопад Steinbogafoss
* Посета на водопад Kvernufoss
* Посета на Викингшки Пештери
* Посета на Паднатиот Авион (факултативен излет)
* Посета на црната плажа Reynisfjara
* Посета на црната плажа Vikusfjara
* Посета на градот Вик и пауза во School Beans Caffe
* Посета на Црквата во Вик
* Посета на полиња од лава
* Посета на Националниот Парк Skaftafell
* Сместување во камп и слободно време за одмор

Ден 4: Глечери и Пејсажи

* Посета на Jokursarlon Glacier Lagoon
* Посета на Diamond Beach
* Сместување во камп во градот Хофн

*Слободно време во Хофн
Ден 5: Источен Брег

* Посета на Viking Caffe и пауза. 
* Посета на Viking Village (факултативен излет)
* Посета на рефлексивната плажа Stokksness (факултативен излет)
* Посета на Планината Vestrahorn (факултативен излет)
* Посета на градот Egillsstadir
* Сместување во камп и слободно време за одмор

Ден 6: Исландски Висорамнини и Термални полиња

* Посета на Icelandic Highlands
* Посета на Studlagil Canyon
* Посета на Термалните Полиња Myvatan
* Посета нa Термалната Бања Myvatan (факултативен излет)
* Посета на водопад Detifoss
* Посета на водопад Godafoss
* Ноќна прошетка низ Градот Акурејри
* Сместување во камп и слободно време за одмор

Ден 7: Северен Исланд

* Посета на градот Акурејри
* Поаѓање кон Рејкјавик
* Посета нa градчето Боргарнес
* Посета на Sword Bridge
* Пристигнување во Рејкјавик
* Сместување во камп и слободно време за одмор

Ден 8: Рејкјавик / Најсеверниот главен град во Светот!

*Одјавување од камп
* Посета на градот Рејкјавик (факултативен излет)
* Тура со Хеликоптер (факултативен излет)
* Слободно време за прошетка низ Рејкјавик
* Посета на Blue Lagoon (факултативен излет)

Ден 9: Поаѓање во 00:10 од Рејкјавик и пристигнување во Скопје во текот на попладневните часови.

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Исланд и назад со вклучен 8КГ рачен и 23КГ багаж
  • Трансфер од Аеродром до База и обратно
  • Kaмпер Возило со целосна опрема ( Fiat Doblo Maxi 2024 )
  • Премиум Осигурување за кампер возилото
  • Претставник на локација
  • 35 излети вклучени во цената! 
  • Влезници со вклучена ел. енергија за сите кампови
  • Претставник на дестинација

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (тие што на програмата се означени со ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ)
  • Паркинг на одредени места (вкупно од 30-40евра)
  • Тунелски трошоци (19 евра по кампер)
  • Гориво за кампер возилото (околу 130 евра по човек)
  • Храна и Пијалоци
  • Патничко Осигурување
  • Доплата доколку патувате соло во кампер

Факултативни излети

Blue Lagoon

Цена: 149евра по човек

Blue Lagoon  е најуникатната термална бања во светот! 
Директно од срцето на Исланд, природна термална вода која е позната по својата тиркизно сина вода! Уживајте во топлите води со температура до 42C додека уживате во погледот на полињата од лава. Освежете се со ладните пијалоци кои ги служат во баровите на вода, а потоа одморете во ЛАВА Ресторанот кој е направен во вулканска пештера!

Паднатиот авион

Цена: 50евра по човек

Сигурно си го видел авионот на едни од најпознатите музички видеа во светот!

Во 1973 година америчкиот US NAVY DC Plane снемал гориво и паднал на јужниот брег на Исланд. Сите патници на авионот се преживеани, а одкако се срушил, станал туристичка атракција поради својот изглед на црните полиња во Исланд.

Викингшко Село

Цена: 35 евра по човек

Сте посетиле ли до сега Викингшко Село?
Викингшкото село е вештачки изградено село за филмски потреби. Најпрвин филмот за кој е изградено селото никогаш не се снимил, а потоа оваа локација е користена за бројни други познати филмски парчиња. Токму во падините на најиспресивната планина во Исланд, Вестрахорн, се наоѓа ова идилично селце кое ќе ви го одземе здивот во моментот кога ќе се доближите до него, а плус каде на друго место во светот можете да посетите вакво село?

Тура со Хеликоптер

Цена: од 499евра по човек

Сте се возеле во хеликоптер до сега? Околу вулкан кој еруптира?
Хеликоптерските тури секогаш се едни од најимпресивните искуства во животот. Доколку сакате вистински да го почуствувате адреналинот и да ги видите убавините на Исланд од една поразлична перспектива тогаш овој факултативен излет дефинитивно е најинтересниот начин за тоа како да си го пополните времето во Рејкјавик!

Бањите Myvatn

Цена: 90евра по човек

Уникатни термални бањи со најубавиот поглед на светот!
Myvatn термалните бањи ги нарекуваат Blue Lagoon of the North поради сличноста на бојата на водата. Дефинитивно една од најимпресивните бањи во Исланд. Со својата уникатна местоположба, овие бањи со сигурност ќе ви остават силна импресија.

Гледање на Китови

Цена: 159евра по човек

Најголемите водни суштества на планетата!
Во моментот кога ќе ги видите ќе ви стане јасно за тоа колкава моќ поседуваат овие суштества! Овие питоми јата на китови кои ги набљудувате се една од најпознатите атракции во Исланд.

Посета на Рејкјавик

Сте слушнале за најшарениот град во светот? 
Рејкјавик е еден од најуникатните градови на светот. Препознатлив по шарените куќички, најимпресивните градби и се разбира, Исландските мачки! Ова е излет кој несмеете да го пропуштите!

Спиеме во кампери

Сте сонувале за хотел со милион ѕвезди? Роам Ароунд МК нуди хотел со аурори на небото!

35 Факултативни излети вклучени во цената

Каде на друго место сте сретнале ваква понуда? Без скриени трошоци

Уживаме во најубавите пејзажи на светот

Ако не во Исланд, тогаш каде? Најуникатните чуда на природата се наоѓаат токму тука!