ИСЛАНД РЕЛАКС: ЕСЕНСКИ АУРОРА БОРЕАЛИС

Поаѓање:

16.10.2025

Враќање:

20.10.2025

Број на денови:

5

Цена од

Сега од

999.00 EUR

899.00 EUR

Земјата на огнот и мразот по најниска цена!

Уживај и ти во земјата на огнот и мразот по најниска цена до сега! На најновата авантура на Роам Ароунд МК, се сместувате во главниот град на Исланд, Рејкјавик, и од таму релаксирано ги посетувате најимпресивните места што има да ги понуди оваа земја. Рејкјавик е еден од најуникатните градови во светот. Оваа земја е дом на многу глечери, планини, реки, термални бањи, црни плажи, водопади и што уште не. Град полн со разноликост и шаренило, ветуваме дека импресиите од овој град ќе ви го земат здивот во истиот момент кога ќе ги видите шарените куќички по тесните улички. За крај го имаме оставено најдоброто – Замислете го разиграното небо со Аурора Бореалис над вас додека чекорите на најегзотичното парче земја на планетата. Велат дека откако ќе го посетите Исланд, се друго после тоа не може да ве импресионира толку како овој остров на крајот на светот!

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Сместување во Хотел

Ден 2: Факултативен Излет

Golden Circle ( Национален Парк Тингвелир, Гејзер, Водопад Гулфос )   +  Факултативен излет – Reykjavik City Tour (Прошетка низ Рејкјавик)

Ден 3: Факултативен Излет

Јужен Брег ( Водопадите Seljandsfoss, Skogafoss, најубавите црни плажи и глечери)

Ден 4: Факултативен Излет

Термалната бања Blue Lagoon и одјавување од хотел

Ден 5: Поаѓање од Исланд и пристигнување во Скопје

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Исланд и назад со вклучен 23КГ чекиран багаж  + 8КГ рачен | Поаѓање од Скопје во 13:35, Пристигнување во Исланд во 23:55 (локално време)
  • Хотелско Сместување во Рејкјавик со вклучен појадок ( Hotel Cabin Reykjavik или хотел од иста или повисока класа)
  • Трансфер од аеродром до хотел во Рејкјавик
  • Трансфер од хотел во Рејкјавик до аеродром
  • Претставник на локација

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба  (199 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Опционална доплата за Superior Room (Соба од повисока класа)  | 70 евра по соба

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 349евра по човек

Огромна препорака од нас. Убавините на Исланд се кријат низ целиот остров, а зарем би можеле да го напуштите овој остров без да ги посетите црните плажи? Во цената е вклучено. Прошетка низ Golden Circle, Јужен Брег, Термалната Бања Blue Lagoon.

Reykjavik City Tour

Цена: 30евра по човек

Рејкјавик е еден од најуникатните градови на светот. Препознатлив по шарените куќички, најимпресивните градби и се разбира, Исландските мачки! Ова е излет кој несмеете да го пропуштите! Времетраење: 2 часа Пешачка тура

Гледање на китови од Рејкјавик

Цена: 130евра по човек

Едно од најуникатните искуства во животот е дефинитивно гледањето на китови во Исланд!Неколку часа крстариме по импресивниот Атлански Океан и се восхитуваме на различните видови на китови кои ќе имаме прилика да ги видиме во текот на оваа тура. Времетраење : 3-4 часа Транспорт: Брод

Јужен Брег

Цена: 130евра по човек

Јужниот брег е дефинитивно најспектакуларниот дел од овој остров. Безброј водопади и спектакуларни глетки кои дефинитивно ќе ве остават без зборови. Ако не прашувате нас ова е факултативниот излет кој не смеете да го пропуштите. Ги посетуваме спектакуларните водопади Селјандфос и Скогафос, црната плажа Рејнисфјара, црната плажа во Вик, Глечерот Sólheimajökull Времетраење : 14чТранспорт: Автобус / Комбе

Tермална Бања - Blue Lagoon

Цена: 150евра по човек

Директно од срцето на Исланд, природна термална вода која е позната по својата млечно сина вода! Уживајте во топлите води со температура од 35C до 37C додека уживате во погледот на полињата од лава. Освежете се со ладните пијалоци кои ги служат во баровите на вода, а потоа одморете во ЛАВА Ресторанот кој е направен во вулканска пештера! Времетраење : 3/4 часа Транспорт: Автобус / Комбе

Прошетка низ Golden Circle

Цена: 130евра по човек

Една од најпознатите рути во Исланд. Го посетуваме познатиот Гејзер, водопадот Гулфос и Националниот Парк Тингвелир. Сте чекореле некогаш помеѓу две тектонски плочи? Овој излет ви дозволува да го искусите најнеобичното чувство на планетата, да чекорите помеѓу два континента! Времетраење : 7 часа Транспорт: Автобус / Комбе

Важнa напоменa

Времето во Исланд е доста променливо, па затоа треба да понесете водоотпорни обувки и јакна. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума во зависност од хотелот во кој ќе се престојува. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник по случаен избор од групата без разлика на пол или старост. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури! Патничко Осигурување не е вклучено во цената. Минималната бројка на авантуристи за сите заедно да го посетиме Исланд е 20.